Кочани 24 Радио е локално интернет радио наменето за слушателите од Кочани и поширокиот регион. На нашата програма ќе има музика, локални вести, корисни информации, известувања за настани, култура, спорт и други содржини од интерес за граѓаните. Целта на Кочани 24 Радио е да понуди современа, достапна и интересна програма преку интернет, со редовно информирање и музичка содржина во текот на денот. Радиото е дел од медиумскиот портал Кочани 24 и е создадено за подобро информирање и поврзување на локалната заедница.